Џихадистите ја нападнаа турската граница

Џихадистите од Исламска држава утринава отворија огна кон турската граница, северно од сирискиот град Кобане, кого курдските борци жестоко го бранат веќе подолго од еден месец , чекајќи ја поддршката во жива сила од Ирачки Курдистан, пренесоа француските медиуми.

Пристигнувањето во Кобане на илјада сириски бунтовници, што го најави Анкара, се чини, во моментов  е преоптимистично, бидејќи лидерите на сириските Курди изјавија дека не е постигната никаква спогодба за тоа прашање.

Курдските борци денеска од рацете на џихадистите ја презеде контролата врз стратешкиот рид во Кобане по жестокиот воздушен напад на американската коалиција врз Исламска држава, соопшти ДПА.

Во нападот на американските авиони загина  најмалку 11 џихадисти и четворица курдски борци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.