Џихадистите киднапираа 15 Украинци во Либија

Припадници на либискиот огранок на џихадистичката група Исламска држава (ИД) денеска во близина на градот Сирт во источниот дел на Либија, киднапираа 15 украински државјани, кои се ослободени по неколку часа.

Како што јави ТАСС, киднапираните Украинци биле медицински лица, кои работеле во болницата „Ибн Сина“ во Сирт.

Киднпаирањето го потврди и украинското Министерство за надворешни работи, кое соопшти дека благодарејќи на „оперативните дипломатски мерки 15-те заложници од украинско потекло се ослободени уште истиот ден“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.