Џихадистите ќе отсекуваат глави на случајни минувачи?!

“Ловецот на џихадисти” – одликуваниот белгиски воен ветеран Димитри Бонтинк, познат по спасувањето на младите од канџите на Исламската држава, предупредил дека ИСИС подготвува напад на Европа, и дека џихадистичките напади над цивили се “речиси неизбежни”. Се стравува дека џихадистите би можеле наизменично да напаѓаат цивили – да сечат глави на случајни минувачи на улица или во преполни трговски центри, но и да предизвикуваат бомбашки напади, пренесува Daily Mail.

“Не претставуваат опасност децата, туку криминалните умови кои ја водат Исламската држава и кои никогаш не ги гледате на видео снимките”, рекол 41-годишниот Бонтинк и додал дека ИСИС планираат да му се одмаздат на Западот за нападите и дека ќе го возвратат ударот кога ќе бидат подготвени.

Меѓу децата кои Бонтинк ги спасил од Исламската држава è и неговиот син, 19-годишниот Јејон, кој откако излегувал со една муслиманка решил да се преобрати во Ислам, па одлучил да им се приклучи на радикалните исламисти во Сирија. Додека бил со џихадистите, Јејон некое време минал со убиениот американски новинар Џејмс Фоли.

b

Бонтинк, кој успеал да го извлече својот син од канџите на ИСИС, ги обвинува американските и британските власти дека не преземаат доволно чекори за да ги ослободат своите државјани. “Премногу тајни служби пропуштија шанси за спасување на некои заложници”.

bbb