Џихадистите на ИД заедно со мигрантите пристигнуваат во Европа

Криумчарите на луѓе во последните два месеца се се поактивни на брегот на Либија и при тоа не ги транспортираат само тие кои бегаат од војната туку и оние кои ја предизвикаа војната, припадниците на Исламска држава, пренесува МИА.

Си-Ен-Ен јави дека џихадистите кои сакаат со бродови да стигнат до Труција, до Грција или до Италија подготвени се добро да платат односно за група од 25 луѓе плаќаат 40.000 долари.

Неименуван американски претставник за Си-Ен-Ен изјави дека само прашање на време е која ИД ќе уфрли свои борци меѓу мигрантите кои со бродови пристигнуваат од Либија во Европа.

САД и Европа мора да реагираат заедно и тоа брзо. Состојбата е алармантна, бидејќи не станува збор за еден или двајца кои се обидуваат да се уфрлат меѓу мигрантите, туку тоа се цели групи, истакна неименуваниот извор.

Либиецот Абу Валид за Си-Ен-Ен изјави дека не само од Либија туку и од Тунис џихадистите со бродови се обидуваат илегално да стигнат до Европа.

Претставникот на либиската разузнавачка служба Исмаил Шукури изјави дека џихадистите најчесто патуваат со семејствата, без оружје, како мигранти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.