Свет

Џихадистите не киднапирале српски државјани во Либија

Џихадистите не киднапирале српски државјани во Либија

Известувањето на американскиот Си Ен Ен за случувањата во либискиот град Сирт предизвика недоразбирања во врска со судбината на српските државјани вработени во болницата Ибн Син. Меѓутоа, нешто пред 13 часот Танјуг повикувајќи се на информации од српската амбасада во Триполи јави дека меѓу заробените во болницата нема државјани на Србија.

Амбасадорот на Србија во Либија, Оливер Потежица нагласил дека о синоќа во Сирт биле вкупно 9 државјани на Србија, од кои една докторка и една медицинска сестра во меѓувреме се префрлени во Триполи.

Останатите, како што изјавил Потежица, немале намера да го напуштат Сирт и останале понатаму да работат.

Си Ен Ен претходно објави дека 30-тина борци на ИД во понеделникот нападнале болница додека автобусот чекал за да ги пренесе медицинските работници во Триполи.