Џихадистите од ИД го убија и вториот јапонски заложник

Борците на џихадистичката група Исламска држава синоќа објавија видео во кое тврдат дека го  убиле јапонскиот заложник Кенџи Гото, соопштија британските медиуми, повикувајќи се на американскиот центар за следење на исламистите на интернет SITE, пренесе МИА.

Видеото покажува мaж сo качулка, коj стои над Гото, со нож на неговото грло. Во следниот кадар се гледа тело со глава ставена на него.

Обраќајќи се кон јапонскиот премиер Шиндзо Абе, џихадистиот кажува: „Заради несфатливата одлука да се вклучите во војна која не можете да ја добиете, овој нож не само што ќе го убие Кенџи, туку, исто така, ќе продолжи да пролева крв насекаде каде ќе најде ваши луѓе. Нека кошмарот за Јапонија почне !“.

Американските медиуми забележуваат дека синоќа лиферуваното видео покажува борец со британски акцент, кој го убива јапонскиот новинар.

Јапонската Влада се обидува да ја утврди автентичноста на видеото, пренесоа британските меидуми.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, го осуди „варварското
убиство“ на јапонскиот новинар, пренесе ТАСС.

Во соопштението Бан Ки-мун изрази сочувство до семејството на Гото, како и до јапонската Влада.

Егзекуцијата на Гото ја осудија и американскиот претседател Барак Обама и неговиот француски колега Франсоа Оланд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.