Џихадистите од ИД распнале католички свештеник на Велики Петок

Индиски католички свештеник кој бил киднапиран од страна на исламски екстремисти бил распнат на Велики Петок, пишува „Дејли Експрес“.

Отец Том Узхуналил (56) бил киднапиран од исламистички напаѓачи што наводно се поврзани со ИД, кои претходно нападнале дом за стари лица и убиле најмалку 15 луѓе.

Терористите го распнале свештеникот на Велики Петок откако претходно се заканиле дека ќе го сторат истото на почетокот на минатата недела.

Иако неколку религиозни групи добиле закани дека свештеникот ќе биде распнат, овие информации се демантирани од страна на неговата црква во Банглоре, Индија.

Владата во Индија вели дека „ги вложува сите напори“ за ослободување на свештеникот. Министерот за надворешни работи Сушма Свараџ вчера потврди дека владата се обидува да го спаси свештеникот.

-Отец Том Узхуналил, индиски државјанин од Керала беше киднапиран од терористичка група во Јемен. Ги правиме сите напори за да го ослободиме, рече тој.