Џихадистите планираат атентат врз Папата?!

Ирачкиот амбасадор во Ватикан, Хабиб Ал Садр изјави дека припадници на Исламска држава планираат атентат на поглаварот на Римокатоличката црква, папа Франсис во текот на неговата посета на Албанија.

Папа Франсис најави дека во недела ќе ја посети Албанија, а Ал Садр наведе дека тој би можел да биде во опасност и при неговата посетата на Турција во ноември.

-Верувам дека би можеле да се обидат да го убијат во тек на некое од овие патувања, но не се исклучува можноста да организираат атентат и во Рим. Има членови на ИД кои не се Арапи, туку Канаѓани, Американци, Французи, Британци и Италијани. ИД би можеле да ангажираат кого било од нив, да изведе терористички напад во Европа, изјавил тој.

Припадници на Исламска држава во последниве неколку недели најавуваа инвазија на Европа, а нивен план е да го прошират својот калифат се до Рим и да го постават своето црно знаме на врвот на базиликата Свети Петар.

Ал Садр истакна дека Папата ги навредил џихадистите поради изјави со кои ги осуди злосторствата кои Исламска држава ги направи во Сирија и Ирак и даде отворена поддршка на САД во борба против нив.