Џихадистите погубија 8 лица

Џихадистите од „Исламска држава“ погубија осум лица, од кои четворица полицајци, во ирачката провинција Салахедин, а фотографиите ги поставија на Интернет.

Седум лица од жртвите беа облечени во портокалова облека, слична на онаа која ја носеа новинарите и хуманитарните работници, кога без егзекутирани од екстремистите од ИД.

Една од жртвите не го оджрала ветувањето и престанал да работи за ирачката влада, се наведува во пораката покрај поставените фотографии.

ИД зазеде значителен дел од територијата во Ирак и Сирија, каде прогласи калифат.

Во обете држави џихадистите убија илјадници луѓе, а голем дел од погубувањата се смислено снимени и поставени на Интернет.