Џихадистите пред колапс во Кобане

Офанзивата на екстремистите од групата Исламска држава (ИД) за заземње на пограничниот сириски град Кобане е запрена.

Се претпоставува дека курдските борци ќе бидат во можност да го спречат нивниот напад со помош на американските авиони, изјавија синоќа американски официјални претставници.

Линијата на фронтот меѓу џихадистите на ИД и курдските бранители не е поместена повеќе од една недела.

Инаку, откако џихадистите ќе слушнале звук на воени авиони, почнувале да бегаат низ ридот Тилсехир, западно од опколениот град Кобане и да се кријат во ровови кои веројатно ги ископале курдските борци.