Џихадистите продавале нафта на режимот во Дамаск

Џихадистичката група Исламска држава во Ирак и Левантот продавала нафта од заземените територии на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, изјавил денеска шефот на француската дипломатија, Лоран Фабијус.

– Имаме докази дека ИДИЛ, кога ја презеде нафта ја продаде на режимот (на Асад), истакна Фабијус на прес-конференција во Њу Делхи, не наведувајќи повеќе детали.

Тој истакна дека продажбата е потврда на „конфузниот“ карактер на конфликтот кој изби на Блискиот Исток, во кој Асад и ИДИЛ теоретски се спротиставени страни.

– Бунтовниците во Сирија и приврзаниците на режимот Асад официјално се борат еднио против други, но во реалноста тие многу често си помагаат едни со други, истакна Фабијус.

Тој наведе и дека ситуацијата во Ирак е многу алармантна и оти треба да бидат поддржани ирачката Владата и армија во совладувањето на џихадистите.