Џихадистите се плашат од жените-борци во Ирак

Водечката улога во борбите се повеќе ја имаат женските борци во редовите на Курдите, а често во нивните први борбени линии постојат и цели единици.

Ирачките Курди, со помош на американските војни сили од воздух успеаа да ја зазема браната во Мосум и со тоа им го зададоа најголемиот удар до сега на милитантите на ИСИЛ.

„Ако ја контролирате браната во МОсул, во рака веќе имате дел од Ирак. Можете да ги уценувате со поплави, струја или вода“, вели Даниел Пајпс за Си-Ен-Ен.

Во борбата против Џихадистите на Курдите им помага Западот, односно Курдската работничка партија. Во Ирак тие прераснаа во импресивна сила која може да им се спротивстави на милитантите.

Водечка улога во борбите се повеќе имаат жените-борци од редовите на Курдите, а можат да се сретнат и цели единици. Тие се сериозна закана за Џихадистите кои не сакаат и немаат желба да војуваат против жени, бидејќи според верувањата, ако те убие жена нема да влезеш во рајот.