Џихадистите се повлекуваат од Кобане, Курдите слават

Потпаролот на американската војска вели дека Американците само во вторникот и во средата извеле 18 воздушни напади, но се напоменува дека ситуацијата може да се промени.

Курдскиот претставник Идрис Насан изјавил за BBC дека Исламската држава во изминатите неколку дена изгубила околу 20% од стратешките упоришта во градот Кобане во Сирија и дека полека се повлекува.

“Контролираа речиси 40% од градот, а сега контролираат помалку од 20%. Денес започнавме со операциите на чистење на исток и југоисток од Кобане”, изјавил Насан.

Под контрола на ИСИЛ има само уште една градска населба? – Дописник од BBCизјавил дека нападите се фокусирани само на еден дел од градот па се претпоставува дека станува збор за последната наслеба во градот која е под контрола на ИСИЛ.

Smoke rises from the Syrian town of Kobani, seen from near the Mursitpinar border crossing on the Turkish-Syrian border

Потпаролот на американската војска изјавил дека Американците само во вторникот и во средата извеле 18 воздушни напади и дека до сега убиле 100-ци милитанти на ИСИЛ.

Сепак, ситуацијата може да се промени – Тој напоменал дека ситуацијата лесно може да се промени бидејќи Кобане граничи со Турција и на милитантите овој стратешки град им е многу важен па најверојатно од него нема да се откажат.

Барак Обама и европските лидери заклучиле дека мораат повеќе да им помогнат на Курдите за да ги запрат ИСИЛ во Ирак и Сирија.

Пентагон операцијата против ИСИЛ ја нарекол “Апсолутна одлучност” – Пентагон, по повеќе од два месеци по изведувањето на воздушни напади, и’ дал име на операцијата во Ирак и Сирија која се води против ИСИЛ.

“Операцијата е наречена “Апсолутна Одлучност”, изјавил за новинарите Ед Томас, потпарол на генералот Мартин Демпси. Одлуката за името, додал, била донесена пред неколку дена.