Џихадистите се заканија со напад врз Белата куќа, Биг Бен и Ајфеловата кула

Аудиозаписот, кој трае 28 минути, го преведе разузнавачката група СИТЕ со напомена дека станува збор за обид на џихадистите да го подигнат моралот на поддржувачите по низата порази што ги претрпеле.

-ИД ќе ги разнесе Белата куќа, Биг Бен и Ајфеловата кула,порача порттпаролот на самопрогласеиот калифат во аудиоснимка објавена вчера.

Во првото обраќање по двомесечна пауза, Абу Мухамед ал-Аданани ја прифати понудата на Боко харам да се приклучи кон ИД и наброја градови што „ги сакаат“ како Париз, Рим, Ерусалим и Кабул

-Сите Муслимани треба да ја вратат својата држава назад, затоа ве повикуваме за мобилизација за џихад. Ве повикуваме да емигрирате за џихад и да емигрирате за одбрана на вашите браќа на западот на Африка, вели во пораката Абу Мухамед ал-Аднани.