Џихадистите стигнаа на 50 километри од Багдад

Исламистите во Ирак водат битка со владините сили крај Багдад и со Курдите во провинцијата Киркук, соопшти „Блумберг”, повикувајќи се на месната новинска агенција „Ал Мадан”. Борци од „Исламска држава во Ирак и Левант” (ИДИЛА) убиле седум лица крај Киркук.

Борби се водат крај Бакуба, на 55 километри северно од Багдад. Ирачки авиони нападнале крстосница на на која имало исламисти и убиле 15 мина од нив. Ноќеска бил нападнат и затворот во Бакуба, при што загинале 43 затвореници.

Конфликтот во земјата ја ослабна моќта на премиерот Нури ал Малики и се проценува дека ИДИЛА претставува закана и за околните држави.

Претседателот на САД Барак Обама изјави дека ќе испрати 275 војници, кои ќе ги чуваат дипломатски мисии во земјата. Иран од своја страна испрати 130 лица од Револуционерната гарда (елитни ирански војници – бел ред.) во источната провинција Давала, кои ќе и помогнат армијата на Ирак во борбите против исламистите.

Напредокот на исламистите се забавува во последните неколку дена и според експерти можно да се водат борбените дејствија на истата територија подолго време. Во Киркук вооружените сили на Курдите изјавија дека ќе ги заштитат локалното население од идила и од таа причина нема потреба тие да ги напуштат своите домови.

Откако војската загуби контрола над северниот град Мосул минатата недела, денес единици, поддржани од волонтери туркемнистанци, извршија напад на градот во кој загинаа 23 исламисти. Војската успеа да освои и делови од Тал Афар, на север од Мосул.

Шиитските лидери ги повикаа Ирачаните да се вооружат и да дадат отпор на радикалните сунити од идила, што може да доведе до граѓанска војна слична на онаа која се води веќе трета година во Сирија.

Заменик-премиерот на Ирак Хусеин ал Шахристиани изјави дека Владата добила молби од повеќе од два милиони волонтери кои сакаат да се вклучат во воените дејствија против бунтовниците. Повеќето од нив се одбиени, бидејќи според армијата нема потреба од толку многу луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.