Свет

Џихадистите убија четворица новинари во Мосул

Џихадистите убија четворица новинари во Мосул

Џихадисти од групата „Исламска држава“ во северниот ирачки град Мосул егзекутираа четворица новинари, соопшти ДПА, повикувајќи се на локални жители.

Исламистите на локалните здравствени власти им ги предале телата на четворицата убиени, кои биле меѓу 12-те киднапирани новинари во текот на минатиот месец.