Свет

Џихадистите во Фалуџа држат над 700 заробеници

Џихадистите во Фалуџа држат над 700 заробеници

Припадници на џихадистичката група Исламска држава држат како заробеници 700 луѓе во градот Фалуџа во западната ирачка провинција Анбар.

Според ирачки медиуми, меѓу нив има претставници на силите за безбедност и државни службеници. Според извор од градскиот совет на Фалуџа, исламистите ги проверуваат сите службеници во државните институции во градот.

Во средината на јуни Исламска држава киднапираше повеќе од 1.700 курсисти од воена база во близина на градот Тикрит. Засега нема информации за судбината на луѓето. Провинцијата Анбар е терен каде се водат неколку месеци жестоки судири меѓу владините сили и исламистите. Само во административниот центар Рамади и Фалуџа во август загинаа 268 луѓе и 796 се ранети.