Џихадистите заземаа дел од најголемата ирачка рафинерија Баиџи

Припадниците на групацијата Исламска држава упаднаа во најголемата ирачка рафинерија Баиџи и зазедоа дел од објектите, соопштија ирачките власти, објави МИА.

ИД изминатите десет месеци повеќе пати се обидуваше да ја заземе рафинеријата, оддалечена 200 километри северно од Багдад, но силите за безбедност успеваа да ја одбранат.

Џихадистите сега контролираат делови од рафинеријата, како и патиштата кои вода до неа, изјави анонимен висок претставник на компанијата.

Ирачките сили стационирани во рафинеријата пружаат жесток отпор, истакна тој и додаде дека следните часови ќе почне операција за враќање на контролата на заземените објекти.