вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 26

Џихадистот Џон мета на американските дронови

Нападот е извршен недалеку од сирискиот град Рака во кој наводно се наоѓал џихадистот роден како Мухамед Емвази.

Џихадистот Џон мета на американските дронови

Џихадистот Џон мета на американските дронови

Последни вести

Пентагон соопшти дека американски дронови извршиле напад врз територијата за која се сомнева дека е засолниште на џихадистичкиот егзекутор, познат како Џихадистот Џон.

Во соопштението се наведува дека нападот е извршен недалеку од сирискиот град Рака во кој наводно се наоѓал џихадистот роден како Мухамед Емвази.

– Американските сили извршија напад во Рака, мета беше Мухамед Емвази, познат како Џихадистот Џон. Британецот учествувал во снимки на кои се прикажани убиства на новинарите Стивен Сотлоф, Џејмс Фоли, Кенџи Гото и хуманитарецот Абдул Рахман Касига, Дејвид Хејнс и Алан Хенинг.

Ги чекаме резултатите од нападите, се наведува во соопштението на Пентагон.

Емвази првпат во јавноста се појави во август 2014, како егзекутор на американскиот новинар Џејмс Фоли, кој претходно е киднапиран во Сирија.

Во низата снимки што се појавија, Британецот со нож отсекуваше глави на заробениците, лицето го криеше со фантомка, но неговиот идентитет е откриен на крајот на февруари, кога е наведено дека пораснал во Лондон и оти по занимање е компјутерски програмер.

Најчитани вести