ВИДЕО: Јорданскиот џихадист плачел како мало дете на сослушувањето

Јорданскиот џихадист Ракан Мдонат, кој патувал со американски пасош и во неделата се обиде на 11.000 метри да го отвори авионот на Алпите, на сослушувањето се тресел и барал помош.

Според српски Курир полицијата заклучила дека станува збор за психички болен човек.

„Кога е приведен, по летот, се тресел, плачел, кршел прсти… Не можел да се сконцентрира на прашањата и да одговори на нив. Зборувал за семејството, тврдел дека нема врска со терористите и џихадистите, дека е болен и дека мора да се лечи. Плачел како мало дете, па дури и уринирал на клупата“, пишуваат медиумите.

Инаку, него го нема во евиденцијата за можни припадници на некоја радикална исламистичка организација.