Спорт

Џикиќ: Ме радуватоа што играме како тим

Џикиќ: Ме радуватоа што играме како тим

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација го заврши вториот подготвителен турнир, Трофеј Македонија, на кој ги совлада селекциите на Полска и Црна Гора, а загуби од Италија. Пред овој турнир, нашите репрезентативци остварија уште три победи од исто толку натпревари на турнирот кој се одржа во Охрид, а на кој гостуваа Австрија, Романија и Грузија.

Селекторот на репрезентацијата, Александар Џикиќ, го изразиссвоетовидување од досегашниот дел од подготовките и одиграните натпревари.

„Во Охрид игравме против репрезентации кои се да речеме со приближен квалитет на нас. На турнирот во Скопје, сметам дека игравме со екипи кои се на хартија и поквалитетни од нас, но успеавме од сите тие шест натпревари, пет да добиеме. Ова се сепак подготовки, почнува да се брои од 10 август па натаму. Ова се натпревари на кои се обидувавме да пробаме различни варијанти, да видиме кој од играчите како се справува со различно ниво на притисок. Имавме можност да се соочиме со различни ситуации во текот на турнирите и против различни противници кои имаат свој специфичен стил на игра и свој начин на креирање предност на теренот. Тоа се нови информации за нас, кои ги согледуваме и од кои ќе ги извлечеме добрите работи, а ќе се обидеме да ги потиснеме или отстраниме оние кои не ни одговараат. Реално е дека ни недостасува искуство и улогите кои играчите ги добиваат во оваа репрезентација, за повеќето од нив се нови. Се прават грешки, што е и нормално, но она што дава знак дека сме на добар пат се реакциите на самите играчи, кои постојано даваат се од себе, постојано се поддржуваат еден со друг и делуваат како добра целина, како тим. Гледаме, анализираме и знаеме на што треба повеќе да се посветиме во последната фаза од подготовките. Влеговме во ова сите заедно, заедно и ќе излеземе, со надеж секако дека ќе се квалификуваме на ЕП“, вели Џикиќ.

Што се однесува до противниците на Македонија во Квалификациите за Евробаскетот, Џикиќ истакна дека редовно се следат ситуациите и сите натпревари на Белгија, Белорусија и Данска.

„Постојано ги следиме нашите противници од групата во квалификациите, постојано сме во тек со случувањата во тие репрезентации и тоа е нешто што паралелно со работата во нашата селекција, ќе продолжиме да го работиме. Не сме ние во ситуација да кажеме дека можеме да ја гледаме само нашата игра и да не не интересира противникот. Не смееме тоа да си го дозволиме. Мораме да се прилагодуваме максимално на тоа што го имаме и тоа што треба да одиграме против секој противник и поради тоа продолжуваме да работиме плански и многу внимателно“, заврши Џикиќ.