Џиков: Првата пресуда во „Пуч“ не е присилна и јасно укажува кој стои зад прислушувањето

Пресудата која се донесува врз основа на признание на вина, а некој за да признае вина треба да му се предочат докази, тоа упатува дека таквата пресуда е несоборлив доказ во однос на останатите учесници во овој процес, вели поранешниот јавен обвинител Ставре Џиков, во денешниот „Кворум“ на Радио слободна Македонија.

Како државен обвинител тој ја водеше аферата „големото уво“ и повикувајќи се на неговото досегашно искуство вели дека првата пресуда не е присилна и дека јасно укажува на тоа дека не прислушкувале како што тврди Заев, премиерот и шефот на УБК, туку дека тоа го правела група на луѓе и дека тука постои странски фактор.

Според него овој случај треба да има правна разрешница, а за опозицијата вели дека направила кардинална грешка. Она што го прави Заев и луѓето околу него, смета тој требаше да го направат во Собранието, согласно Уставот и законот и така ќе покажее дека ги почитуваат.

Излезот од ситуацијата го гледа на враќањето на опозицијата во законодавниот дом.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.