Спорт

Џими Батлер е кошаркарот со најголем напредок во НБА изминатава сезона

Џими Батлер е кошаркарот со најголем напредок во НБА изминатава сезона

Кошаркарот на Чикаго Булс, Џими Батлер ја доби наградата “Most Improved Player” која се доделува на играчот кој најмногу напредувал сезонава во НБА лигата.

Батлер сезонава постави свој личен рекорд во однос на поените, асистенциите и скоковите, а прв пат беше дел и од Ол-стар натпреварот. Тој воедно е и првиот играч на Булс кој го добил ова признание.

25-годишниот Батлер годинава драстично го поправи својот учинок во однос на минатата, па просечно од 13,1 рипна на 20 поени по натпревар. Еден од најдобрите играчи на “биковите” во изборот собра вкупно 535 гласа со што ги остави далеку зад себе Дрејмонд Грин (200 п) од Голден Стејт и Руди Гобер (189) од Јута.