недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 8

Џими Картер освои Греми по вторпат

dzimi karter

Последни вести

Поранешниот американски претседател, Џими Картер (91) по вторпат ја освои наградата Греми.

Тоа признание на музичката индустрија тој го освои во категоријата за најдобар албум на изговорени зборови за аудио верзијата на неговите мемоари под наслов „A Full Life: Reflections at 90“.

Во книгата мемоари, Картер го опишува неговиот подем во политиката и пораз на претседателските избори 1980 година од Роналд Реган.

Тој исто така, изразува загриженост за состојбата во која се наоѓа светот, особено за последиците на маргинализација на жените.

Картер освои Греви и во 2007 година за „Our Endangered Values: America’s Moral Crisis“, аудио верзијата на книгата каде ги изнесе неговите политички погледи.

Оваа година меѓу номинираните во иста категорија беше и 69-годишната  панк икона Пети Смит, која и покрај нејзиното широко влијание на музиката, никогаш не освои Греми.

Најчитани вести