Со џип удрил во 65-годишен велосипедист

Шеесет и пет годишен кумановец заврши на скопските клиники откако претходно бил удрен од џип.

Како што информира МВР, вчера околу 20.45 часот во Куманово, на крстосницата од ул. „Самоил“ и ул. „Братство единство“, се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Џип Чироки“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К. (34) од Куманово удрило во велосипед „Херкулес“ управуван од Ш.Р. (65) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ш.Р., кој по укажаната лекарска помош во Општа болница-Куманово бил препратен во Ургентен центар-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Куманово.