Џогани ја претепал сопругата

Познатиот музичар и танчер, Гаги Џогани, ја претепал невенчаната сопруга и и ги исфрлил сите работи од прозорецот, пишуваат српските медиуми.

Како што ексклузивно дознава српскиот Ало, Гаги ја претепал 36-годишната Милена Микиќ, поради што е задржан во полиција.

Инцидентот се случил во петокот, неколку минути пред полноќ. Несреќната жена едвај повикала полиција и брза помош. Во Ургентниот и констатирале тешки телесни повреди на главата. Од ударите пејачот и го повредил черепот. Соговорник од Клиниката тврди дека несреќната Милена има нагмеченици и напукнатини на черепот.

Се почнало со ситна расправија, која кулминирала кога Гаги се разбеснил, загубил контрола и ја претепал. Соседите велат дека често се слушале кавги од нивниот стан.

Гаги деновиве не одговара на повиците на новинарите.