Спорт

Џоковиќ во Париз тргна со победа

Џоковиќ во Париз тргна со победа

Првиот светски рекет, Србинот Новак Џоковиќ тргна со победа на Мастерс турнирот во Париз.

Тој го совлада Германецот Колшрибер со 2:0 (6:3 , 6:4) и обезбеди пласман во следната рунда. Победи забележаа и останатите фаворити, а особено се намачија Томаш Бердих кој го совлада домашниот тенисер Адриан Манарино со 2:1 (6:4 , 6:7 , 6:2) и Томи Робредо, кој го совлада Канаѓанецот Васек Посписил со 2:1 (6:3 , 4:6 , 7:6).

Де Шепер – Шарди 0:2 (6:7 , 6:7)

Маер – Куевас 0:2 (6:7 , 0:1) предадена

Робредо – Посписил 2:1 (6:3 , 4:6 , 7:6)

Вердаско – Симон 2:1 (6:3 , 3:6 , 6:4)

Росол – Гофин 0:2 (4:6 , 3:6)

Соуса – Монфилс (1:6 , 4:6)

Андерсон – Жиралдо (6:4, 7:6)

Џоковиќ – Колшрибер (6:3 , 6:4)

Бердих – Манарино (6:4 , 6:7 , 6:2)