Џоли искористила туѓа животна приказна за да го подобри својот имиџ?

Холивудската ѕвезда и амбасадор на ОН, Анџелина Џоли, се нашла во центарот на скандал кога една жена од Етиопија ја обвинила дека ја искористила нејзината животна приказна за да сними филм без нејзина дозвола.

Абераш Бекеле (32) била киднапирана за да биде принудно омажена. Побегнала од своите киднапери, но дури откако убила еден нив, за што подоцна била судена. Иако судот ја ослободил, старешините во заедницата во која живеела, ја прогониле далеку од својот дом и семејство.

Таа ја обвинила Анџелина Џоли дека ја експлоатирала нејзината приказна за силување, за да сними филм со кој ќе подобри својот имиџ како борец за човекови права, а тоа го направила без нејзина дозвола и без надомест.

Филмот бил прикажан минатата година на Глобалниот самит за борба против сексуалното насилство, а Анџелина, која била продуцент на филмот снимен според животната приказна на оваа девојка, рекла дека оваа приказна ќе направи “промена во светот”.

obvinenija2

-Мојот живот е на финансиски раб, додека тие планираат да ја прикажат приказната на гламурозен начин. Тоа не е во ред, рекла таа.

Анџелина Џоли за овие обвиненија се уште молчи.