Џоли побара државите повеќе да се ангажираат во борбата против ебола

Американската актерка и амбасадор на добрата волја во ОН Анџелина Џоли денеска во Сиднеј го претстави својот нов филм „Unbroken“. Таа ја искористи можноста да побара државите повеќе да се ангажираат во борбата против еболата во Западна Африка.

– Можам да кажам дека во светот има многу држави кои би можеле да направат повеќе и сите мораме колективно да направиме се што можеме, затоа што ова е глобална криза која сите не погодува, изјави Џоли пред новинарите.

Според податоците на Светската здравствена организација епидемијата на ебола однесе повеќе од пет илјади животи, главно на подрачјата на Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.