Џоли преживеала сообраќајна несреќа

Популарната актерка Анџелина Џоли минатата ноќ доживеала сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, кога поради дожд и влажните коловози нејзиниот автомобил се лизнал по патот и удрил во банкина. Сѐ уште нема информации дали и колку е повредена актерката, пренесуваат светските медиуми.

Анџелина се враќала од снимањето на филмот „Unbroken“ кога се случила несреќата. Актерката не излегла од автомобилот се додека не пристигнал друг шофер, по што преминала во другиот автомобил и го продолжила патувањето.

Според изјавите на сведоците, вистинско чудо е што се избегнати посериозни последици, со оглед дека автомобилот во кој била Џоли во мигот на несреќата се движел со голема брзина.