Џоли: Ќе бидам среќна ако наполнам 50 години

Ќе бидам среќна ако наполнам 50 години. Холивудската актерка Анџелина Џоли (40) изјавила дека го сака тоа што старее и дека нема страв, затоа што во нејзиното семејство голем број жени починале млади.

Годинава наполнив 40 години и многу сум среќна. Голем број жени во моето семејство во 40-тите години почнаа да заболуваат и да умираат, а јас ќе бидам мошне среќна ако наполнам 50 и 60 години, па дури и ако дочекам длабока старост, изјави за „Сандеј телеграф“ Џоли, која пред две години направи двојна масектомија, затоа што беше потврдено дека постојат големи шанси да заболи од рак на дојката.

Мајката на Анџелина Џоли почина во 2007-мата година од канцер на јајниците на возраст од 56 години, додека нејзината баба починала на возраст од 45 години од истата болест.