Свет

Џон Ален: Меѓународната коалиција ќе ја победи ИД

Џон Ален: Меѓународната коалиција ќе ја победи ИД

Меѓународната заедница со заедничко дејствување ќе победи во борбата против Исламската држава, иако тоа може да биде долга борба.

Ова го изјави Џон Ален, специјалниот пратеник на американскиот претседател Барак Обама на меѓународната коалицијаза борбата против оваа организација.

– Падот на Рамади пред две недели претставува враќања назад, но тоа на никој начин не може да ја намали важноста на поразот на ИД во Кобане, Тикрит и Багдад, истакна пратеникот на Обама, додавајќи дека ИД веќе има загубено контрола над четвртина од населените територии во Ирак кои ги контролираала минатата есен.

Според Ален досега се извршени над 4.300 воздушни напади на позиции на ИД, додека истовремено специјална обука за борба против групата посетувале 7.000 ирачки војници.

– Сепак, воздушни напади и обука на ирачките безбедносни сили не се доволни за целосен пораз на ИД, поради што е неопходно да се оневозможи пристапот на организацијата до глобалните финансиски системи, нагласува Ален.

Американскиот генерал оцени дека тоа може да се постигне со мерки како воздушни напади врз мобилни рафинерии на нафта, контрола на странските донации и уништување на црниот пазар на антиквитети.

Според Ален друг голем проблем претставува и приливот на борци од странство, од околу 100 држави, со цел да се борат на страната на ИД. Според проценките околу 300 лица од БиХ се борат на страната на ИД.

– Справувањето со станските борци е сериозен предизвик, што уште долго ќе биде пред нас, истакна Ален, додавајќи дека е важна строга примена на законите со кои се санкционираат такви престапи.

Пратеникот на американскиот претседател истакна дека на списокот на Интерпол се наоѓаат околу 2.000 имиња на лица кои се приклучиле на ИД, додека забрана за влез во Турција имаат околу 13.000 лица.

– Верувам дека на крај ќе го деградираме и победиме овој противник. Ќе биде тоа долга борба, но со помош на партнери како БиХ ќе победиме, истакна Ален.

Пензионираниот генерал на американските маринци со четири ѕвезди и поранешен командант на коалициските сили во Авганистан во БиХ простигнува во рамки на регионална турнеја.