Џон Кери казнет затоа што не го исчистил снегот пред неговиот дом

Градските власти на Бостон го казнија американскиот државен секретар Џон Кери со 50 долари за неисчистен снег пред неговиот дом, јави Асошиејтед прес.

Во вторник вечерта источното крајбрежје на САД беше погодено од снежно невреме, а во Бостон падна повеќе од половина метар снег. Градските власти побараа од жителите на градот да ги исчистат пристапите пред своите живеалишта, во спротивно ќе заработат глоба.

Во тој период Кери беше во саудиска Арабија, а во САД се врати во среда, но заради службени работи се врати во Бостон во петок.

Портпаролот на Кери, Глен Џонсон, ги увери новинарите дека казната ќе биде платена, а веднаш по врачувањето на казната во четвртокот, снегот од тротоарот пред петкатната резиденција бил исчистен.