Џон Кери отпатува во ненајавена посета на Пакистан

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска пристигна во ненајавена посета на Пакистан со цел да ги интензивира напорите во борба против милитантните групи, пренесе МИА.

Минатиот месец талибанците извршија масакар над 134 деца во Пешавар.

Кери денеска ќе се сретне со пакистанскиот премиер Наваз Шариф и командантот на армијата Рахил Шариф.

– Многу јасно ќе кажеме, како што и досега правевме, дека акцијата на пакистанските власти против милитантните групи мора да резултира со уништување на сите тие групи во Пакистан, изјави неименуван претставник на Стејт департментот пред посетата на Кери на Исламабад.

Пакистанските власти последните месеци ја интензивираа борбата против насилните екстремисти, поттикнати од нападот врз училиштето во Пешавар.