Џон Кери во посета на Бугарија

Специјалните сили на бугарската полиција и армија ги заземаа сите клучни точки во Софија пред денешната посета на министерот за внатрешни работи на Велика Британија кој во 12 часот ќе пристигне во Бугарија, но и пред утрешната посета на Џон Кери, шефот на американската дипломатија, објави МИА.

Бугарските медиуми известуваат дека улиците кои водат кон виталните објекти се веќе блокирани и забранет е сообраќај по нив. Локациите каде ќе престојува и ќе имаат средби бугарскиот врв со американскиот шеф на дипломатијата се најобезбедувани места.