Џон Њуман со концерт во Скопје

Џон Њуман со концерт во Скопје
Џон Њуман со концерт во Скопје
Светски познатиот музичар и пејач Џон Њуман ќе одржи свој концерт во Скопје.

Настапот денеска го најави „Авалон продукција“, која носи уште еден актуелен и реномиран музичар во Македонија.

Џон Њуман, неколкукратно номиниран за „Брит наградите“, е британски музичар најпознат по синглот „Love me again“. Со продадени 1,3 милиони копии од неговите песни само во Велика Британија, тој е едно од најпознатите имиња на сол-поп сцената.

Деталите за концертот ќе бидат објавени наскоро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.