Џони Деп ги распродава на аукција вредните предмети пред разводот

Актерот Џони Деп стави на аукција слики вредни неколку милиони долари, пред неговиот развод што потенцијално би можел скапо да го чини, јавува магазинот „Пипл“.

Меѓу сликите на аукцијата во акуционерската куќа „Кристи“ ќе се најдат и ремек делата на уметникот Жан Мишел Баскијат.

Џони Деп ќе стави на продажба девет слики, што ги собирал во последните 25 години. Нејголемиот дел од делата се завршени од страна на Баскијат во 1981-та година.