Џони Деп итно однесен на операција

Џони Деп во Австралија го снима најновото продолжение на филмот „Пиратите од Карибите“ , каде наводно ја повредил раката.

Како што пренесуваат странските медиуми холивудскиот актер ја повредил раката минатиот викенд, но не бил на снимање кога дошло до повредите.

Иако не постојат детали за степенот на повредите, наводно, тој морал веднаш да се врати во САД поради операција. Но, од друга страна се зборува дека оваа повреда минимално ќе влијае на понатамошното снимање на филмот.

Инаку, новото продолжение од култната филмска сага „Пиратите од Карибите“ треба да се појави на големото платно на 7-ми јули 2017-та година, со наслов „Мртвиот човек не раскажува приказни“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.