Џони Деп ја прекршил забраната за приоѓање, Ембер викнала полиција

Ембер Херд наводно повикала полиција откако нејзниот сопруг Џони Деп ја прекршил забраната за приоѓање што таа ја побара против него откако побара развод, пишува ТМЗ.

Имено, Џони испратил тим за да ги земат неговите работи од домот во Лос Анџелес, што сопружниците некогаш го делеа, а Ембер тоа го видела како кршење на забраната па повикала полиција.

Инаку, судот и’ го одобри на Ембер барањето за забрана за приоѓање, со што актерот несмее да и’ пријде поблиску од 100 јарди, односно нешто повеќе од 90 метри. Сепак, во судскиот налог му е дозволено да го собере неговиот имот и приватните предмети од нивниот дом, до наредното сослушување што е закажано за во петок.

Изворите велат дека Џони го собрал целиот мебел и дека Ембер се бунела затоа што земал и повеќе негови приватни предмети.

Истовремено, светските медиуми пишуваат дека актерката го повлекла барањето за алиментација и дека не сака пари од Џони.