ФОТО: Џони Деп купи грчки остров

Познатиот американски актер Џони Деп купи грчки остров. Како што пишуваат светските медиуми, ѕвездата на филмската сага „Пиратите од Карибите“ потрошил 4, 2 милиони за да го купи грчкиот остров Стронгили во Егејското Море.

Џони Деп го купи грчкиот остров Стронгили
Островот Стронгили е со површина од 0,2 километри квадратни

Островот е со површина од 0,2 километри квадратни, а зделката била склучена со помош на агенцијата за недвижности „Прото органајзејшн“, со седиште во Велика Британија.

Истата агенција им беше посредник и на глумците Бред Пит и Анџелина Џоли при купувањето на нивниот остров Јонско Море.

Грчкиот весник „Неос Космос“ пак пишува дека Џон Деп, кој во моментов е на снимање во Австралија, ќе го посети својот грчки остров кон крајот на јули

Педесет и две годишниот Деп е глумец, музичар, сценарист и продуцент, со три номинации за „Оскар“ и добитник на наградата „Златен глобус“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.