Џони Деп купи остров во Грција

Познатиот американски актер Џони Деп го купил грчкиот остров Стронгили во Егејското Море за 4,2 милиони евра.

Островот е со површина од 0,2 километри квадратни, а зделката била склучена со помош на агенцијата за недвижности „Прото органајзејшн“, со седиште во Велика Британија.

Истата агенција им беше посредник и на глумците Бред Пит и Анџелина Џоли при купувањето на нивниот остров Јонско Море.

Педесет и две годишниот Деп е глумец, музичар, сценарист и продуцент, со три номинации за „Оскар“ и добитник на наградата „Златен глобус“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.