Џони Деп: Ме нападна чупакабра

Џони Деп стана доста креативен кога станува збор за наоѓањето изговори. Тој деновиве престојува во Токио, каде требаше да одржи прес-конференција, а за своето непојавување на средбата со новинарите даде едно сосема невообичаено објаснување.

chupacabraaa– Бев нападнат вчера утрото. Ме нападна ретко животно кое се вика Чупакабра. Се борев со часови. Многу е упорна и злобна. Сигурен сум дека се криела во мојот куфер. Успеав да ја фрлам од 23-от кат. Така што повеќе нема да ја видиме. Ви благодарам на разбирањето, им рече Деп на присутните новинари.

Како што објави порталот Машабл, спомнувањето на митолошкото чудовиште Чупакабра, кое инаку се поврзува со некои делови од Северна и Јужна Америка, ги насмеа новинарите и покрај тоа што дел од нив со часови го чекаа актерот на конференцијата на која не се појави.

Деп, кој е многу популарен во Јапонија, во земјата допатува за премиерата на неговата нова комедија „Мортдекај“, која ќе почне да се прикажува на 6 февруари 2015 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.