Џони Деп најде утеха во прегратките на друга жена

Џони Деп најде утеха во прегратките на друга жена
Џони Деп најде утеха во прегратките на друга жена

Откако Амбер Херд (30) го обвини својот сопруг, Џони Деп (53) за семејно насилство, холивудскиот актер во обид да побегне од медиумскиот притисок, се повлече на својот приватен остров на Карибите, пренесуваат американските медиуми.

Меѓутоа, како што пренесуваат таблоидите, Деп на Карибите не заминал сам да страда во тишина, туку друштво му прави неговата поранешна партнерка , француската пејачка и актерка Ванеса Паради (43) со која беше заедно 14 години.

Иако неколку години наназад се шпекулираше дека Деп ја оставил Паради, поради неговата актуелна сопруга Амбер Херд со која е во бракоразводна парница, сепак  двојката која има две деца по разделбата остана во добри односи.

– Ги видовме како се галат и се дружат на плажа. Таа му е единствена утеха, и од почетокот на скандалот е на негова страна и го бранеше од обвинувањата на младата Амбер – изјавиле соседите на холивудскиот актер.

Неговата 17-годишна ќерка Лили Роуз веќе го посетила својот татко на Бахамите, а нејзиниот помлад брат Џек (14) допатувал со неговата мајка Ванеса.

Во целата приказна можеби најсреќна ќе биде нивната  ќерка Лили Роуз, доколку нејзините родители се смират. Младата манекенка  го бранеше својот татко од тешките обвинувања , токму како и нејзината мајка.

Во една прилика Лили-Роуз на својот профил на Инстаграм јавно порача: Мојот татко е најдобрата личност која ја познавам. Секогаш беше прекрасен татко кон мене и мојот брат и сите кои го познаваат ќе ви го кажат истото – напишала Лили.

Џони Деп и Амбер Херд се венчаа минатата година во февруари на приватна церемонија на Бахамите. Двојката ја започна својата романса на снимањето на филмот „Дневникот на румот“ во 2011 година.