Џони Деп сака да сними филм за насилството врз жените

Без разлика на аферата околу разводот познатиот актер Џони Деп и понатаму се смета дека ќе биде главна ѕвезда на филмското остварување што донекаде се заснова на секс скандалот на Доминик Строс Кан од 2011-тата година.

Тогаш поранешниот француски економист / политичар и поранешен директор на ММФ беше обвинет дека сексуално ја нападнал собарката во хотел во Њујорк.

Беше покрената кривична постапка, што беше брзо завршена откако Строс Кан прифати вонсудско пореамнување со собарката за непозната сума.

Режисерот Брет Ретнер изјави дека останува на одлуката Џони Деп да ја игра главната улога во филмот „The Libertine“, и покрај неговиот личен скандал во кој што м оментално се наоѓа поради обвиненијата дека физички ја нападнал неговата сопруга Ембер Херд и разводот што е во тек.

Џони апсолутно и понатаму е во проектот. Брет е мошне возбуден што ќе има прилика да снима со него, вели портпаролот на познатиот режисер за магазинот „Пипл“.