Џонсон и Џонсон ќе плати 72 милиони долари оштета – жена почина од рак поради нивната пудра

Компанијата Џонсон и Џонсон добила наредба од судот во Мусури да плати 72 милиони долари оштета на семејството на жената чија што смрт од рак на јајниците е поврзана со употребата со бебешката пудра на компанијата.

Во пресудата што била изречена доцна навечер во понделеникот судиите од окружниот суд во Сент Луис и наложиле на компанијата да исплати оштета во износ од 72 милиони долари на семејството на Жакелин Фокс, пишува Ројтерс.

Компанијата се соочува со обвинението дека со цел да ја зголеми продажбата цели децении наназад не ги предупредила луѓето дека нивната бебешка пудра може да предизвика рак. Околу 1.000 вакви случаи досега биле регистрирани во Мисури и уште 200 во Њу Џерси.

Фокс, која живеела во Бирмигем Алабама тврди дека ја користела пудрата и купката Shower to Shower за женска хигиена повеќе од 35 години пред да и биде дијагностициран рак на јајниците пред три години. Починала во октомври минатата година на возраст од 62 години.

Според судот компанијата е виновна за измама, небрежност и заговор.

Адвокатот на семејството Џер Бизли, вели дека компанијата уште од 1980-тата година била запознаена со ризикот, а спека продолжила да ја лаже и јавноста и регулаторните агенции.

 Здравјето и безбедноста на потрошувачите се наша најголема одговорност и разочарани сме од исходот на судењето. Изразуваме сочуство со семејството на починатата но цврсто сме уверени дека безбедноста на пудрата е поддржана од научни докази со децении, вели портпаролката на компанијата Керол Гудрич.

Инаку во текот на годинава ќе има уште неколку вакви судења против компанијата поврзани со употребата на истата бебешка пудра.

Инаку, во 2013-тата федералниот суд во Јужна Дакота докажа дека и Деан Берг добила рак на јајниците поради употребата на истата пудра, но досега таа не добила никаква оштета.