„Џонсон контролс“ најави 200 нови вработувања

Компанијата „Џонсон Контролс“ одлучила да го прошират бројот на вработени до 1.700 и да вработат уште 200 работници до крајот на годината. За ова денес говореше претседателот на ВМРО – ДПМНЕ и премиер на Република Македонија Никола Груевски.

– Како што знаете веќе во зоната е реализирана инвестицијата на „Џонсон Контролс“, во висина од 18 милиони евра каде што работат 1.500 вработени. Денес сакам да најавам дека добивме информација од компанијата дека тие одлучиле да го прошират бројот на вработени до 1700 и да вработат уште 200 работници до крајот на годината. Тоа е добра вест за Штип. Тоа е како уште една нова помала фабрика, рече премиерот НИкола Груевски.

Тој нагласи оти во овој регион, во Штип, на простор од 208 хектари е изградена Технолошко индустриска развојна зона Штип, со што се создадени услови за влез на странски инвестиции и отворање на нови работни места за целиот регион.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.