сабота, 10 декември 2016  |  Вести денес: 15

„Џонсон Контролс“ со нова фабрика во Струмица – 1.500 нови вработувања

fabrika

Последни вести

Камен – темелник за отпочнување на изградба на новата фабрика на Џонсон Контролс ќе биде поставен денеска во технолошко-индустриската зона Струмица.

Инвестицијата, според најавите од менаџментот, ќе изнесува 20 милиони долари и се очекува да бидат вработени околу 1.500 лица.

Со тоа вкупниот број на вработени во компанијата во Македонија ќе изнесува над 3.000.

На поставувањето на камен-темелникот ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, потпретседателот на ТРИМ единицата на Џонсон Контролс за Европа, Владимир Теплик и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо.

Најчитани вести