Џонсон пуштен на слобода со кауција

Фудбалерот на Сандерленд и англиски репрезентативец, Адам Џонсон кој вчера беше приведен под сомнение дека имал секс со 15-годишна малолетничка, денеска е пуштен со кауција.

Според информациите од Островот, против него е поведена постапка, но тој ќе може да се брани од слобода.

Во текот на вчерашниот ден Џонсон беше уапсен откако полицијата го осомничи дека имал секс со малолетничка, а при претресот на неговата куќа бил пронајден и пиштол кој фудбалерот го поседувал без дозвола.

Сандерленд издаде соопштение во кое се нагласува дека до завршувањето на истрагата, Џонсон ќе биде суспендиран и нема да настапува за клубот.