Магазин

Џорџ Мајкл на рехабилитација – Пушел по 25 џоинти на ден

Џорџ Мајкл на рехабилитација – Пушел по 25 џоинти на ден
British singer George Michael arrives at Highbury Magistrates Court in London September 14, 2010. British singer George Michael was sentenced to eight weeks in jail on Tuesday for driving under the influence of cannabis when he crashed his car into a north London shop in July. REUTERS/Suzanne Plunkett (BRITAIN - Tags: ENTERTAINMENT CRIME LAW IMAGES OF THE DAY)

Славниот пејач Џорџ Мајкл (51) во последните две години често престојувал во болниците за рехабилитација од зависности.

Тој ги одложувал и ги поместувал концертите поради воспаление на градите, и неколку пати му се слошило додека престојувал во својата куќа, пренесуваат медиумите.

Интересен е и случајот кога пејачот испаднал од автомобил кој се движел, наводно во обид подобро да ја затвори вратата. Иако имало шпекулации дека пејачот бил под дејство на дрога и дека намерно излегол од автомобилот.

Како што јавуваат медиумите , Џорџ  се наоѓа во Швајцарија во центар за одвикнување од алкохол и дроги, во кој се пријавил сам и тоа во тајност. Медиумите пишуваат дека пејачот пушел и по 25 џоинти на ден. Во истата клиника за одвикнување во Швајцарија се лекувал и познатиот моден дизјанер Џон Галијано.