Џорџ Мајкл погребан три месеци после смртта

Британскиот пејач Џорџ Мајкл, кој почина пред повеќе од три месеци, погребан е вчера, соопшти неговото семејство после приватната церемонија.

– Можеме да потврдиме дека Мајкл е погребан во присуство на семејството и најблиските пријатели, јави семејството и се заблагодараи за пораките на поддршка.

Британската полиција во почетокот на март заклучи дека музичарот на 25 декември 2016 година починал од болести на срцето и црниот дроб.

Претходно тој имаше и други здравствени проблеми и проблеми со алкохолизмот и дрогата.

Мајкл, чие вистинско име е Јоргос Киријакос Панајоту, роден е на 25 јуни 1963 година во Лондон, како син на кипарски Грк и Британка.

Тој стана светски познат како дел од дуетот „Вем“ кој го основа со неговиот училишен другар Ендру Риџли во 80-тите години од минатиот век.

Подоцна имаше многу успешна соло кариера и за неполни 40 години освои две награди Греми и продаде повеќе од 100 милиони албуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.